Утрински Весник
Свет

Заразените функционери во Словачка ќе можат да доаѓаат на работа ако немаат симптоми

Заразените функционери во Словачка ќе можат да доаѓаат на работа ако немаат симптоми

Највисоките државни функционери во Словачка, како претседателот, министрите, членовите на парламентот, државниот обвинител, но и полицајци, војници и некои други службеници ќе можат да ги продолжат своите активности дури и ако имаат Ковид-19, но без симптоми, објави словачката Управа за јавно здравје (УВЗ).

Според Декретот објавен денеска на веб-страницата на УВЗ, на заразените лица од горенаведените групи ќе им биде дозволено да ја извршуваат својата работа, во случај нивното евентуално отсуство да го загрози водењето на државата и извршувањето итни активности.

Тие ќе мора да носат FFP2 или понапредни заштитни маски, да користат ракавици и да ги дезинфицираат рацете, како и да го ограничат движењето на нивното работно место, пренесува ТАСР.

Словачката владејачка коалиција, која обично има парламентарно мнозинство и може да донесе уставни амандмани, не може да собере доволно гласови, поради задолжителната самоизолација на некои нејзини пратеници, за закон со кој би можело да се продолжи вонредната состојба за повеќе од 90 дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет