Утрински Весник
Магазин

Џош Бролин и Кетрин Бојд добија ќерка на Божиќ

Џош Бролин и Кетрин Бојд добија ќерка на Божиќ

Актерот Џош Бролин и неговата сопруга Кетрин Бојд го дочекаа нивното второ дете, девојче по име Чепл Грејс, на Божиќ.

На фотографијата од најновото пакетче радост на 52-годишниот Бролин, малата Чепл Грејс е завиена во розово ќебе додека спие во нивната дневна соба.

„Чепл Грејс Бролин, родена во 18:20 часот на 12/25/2020, нашиот мал божиќен ангел“, напиша Кетрин (33) на својот Инстаграм-профил кога ја сподели веста за своите 131. 000 следачи.

Bљубените птички, кои се венчаа пред четири години, ја имаат и двегодишната ќерка Вестлин Реин.

Актерот има и две возрасни деца, Еден (26) и 32-годишниот Тревор, од неговиот прв брак со Алис Адер.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска се слават Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни

Три предупредувачки знаци дека вашето детство било емоционално запоставено

Зошто дланките и стапалата ви се секогаш ладни? Експертите предупредуваат