Утрински Весник
Свет

Кинеска новинарка што ја следеше епидемијата во Вухан доби четири години затвор

Кинеска новинарка што ја следеше епидемијата во Вухан доби четири години затвор

Независната кинеска новинарка Жанг Жан (37), која известуваше од градот Вухан во разгорот на епидемијата, е осудена на четири години затвор, јави Си-ен-ен.

Жан, која е поранешен адвокат, е осудена за „предизвикување расправии и провоцирање проблеми“, соопшти еден од нејзините адвокати. Ваквото обвинение кинеската власт честопати го подигнува за дисидентите и активистите за човекови права.

Жан, од Шангај отпатува во 650 километри оддалечениот Вухан во почетокот на февруари годинава, кога таму започна пандемијата на корона вирусот за да известува за обидите за борба против вирусот. Речиси три месеци таа го отсликуваше животот во Вухан и проблемите на неговите граѓани, како затворањето, празните продавници, преполнетоста на болниците и оптовареноста на медицинскиот персонал.

Таа објавуваше на Вичет, Твитер и Јутјуб (последните две социјални мрежи се блокирани во Кина), а во средината на мај нејзините извештаи престанаа. Подоцна се дозна дека била приведена и вратена во Шангај. Во еден период на притворот, таа почна штрајк со глад, при што била малтретирана и присилно хранета преку цевка, соопшти Амнести Интернешенел.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата