ВМРО-ДПМНЕ предлага да се набават апарати за отпечаток од прст при спроведувањето на пописот.
Портпаролот на опозициската партија, Наум Строилковски, истакна дека на тој начин сите ќе бидат сигурни во резултатите на пописот и ќе се уверат дека не станува збор за политичко решение заради мир во коалицијата на власт.
Прашан, зошто ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да ги поддржи Закон за попис вака како што е пуштен во процедура, Стоилковски одговори дека законот за попис не е закон кој што треба да го носи европското знаменце, односно да се злоупотребува скратената постапка.
„Ова е закон за попис којшто всушност е за една употреба за еден пописен процес во деценијата. Ова е закон кој што треба да определи едно статистичка операција, пребројување на населението, а во него како секогаш до сега била вклучена методологијата, но овој пат изостанува методологијата според која што ќе биде вршена оваа статистичка операција. Тоа е така затоа што, во моментот овака како што е предложена и објаснета не станува збор за статистичка операција туку за политички договор кој што се потврдува со два врзани потписи“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека предложен на овој начин, законот може да даде резултат од неверојатни 3 милиони жители во Република Македонија.