Утрински Весник
Македонија

Санкции за сопственици на локали во Карпош и Аеродром, работеле по дозволеното време

Санкции за сопственици на локали во Карпош и Аеродром, работеле по дозволеното време

Угостителски објекти во Карпош и Аеродром вчера биле затекнати додека работат по дозволеното време.

Од полицијата информираат дека во угостителскиот објект во Аеродром, и покрај забраната, присутни биле шест гости, а од нив двајца се приведени бидејќи не сакале да го напуштат локалот кога тоа го побарале полициските службеници.

Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот, информираат од МВР.

Гости имало и во угостителскиот објект кој работел по 18 часот во Карпош, а е во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје.

Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од полицијата.

Синоќа во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со ДПИ извршени се контроли во 270 угостителски објекти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин