Утрински Весник
Свет

Зариф го предупреди Трамп да не влетува во авантуризам со Иран

Зариф го предупреди Трамп да не влетува во авантуризам со Иран

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе сноси целосна одговорност за секој потег по тврдењата на ПОТУС дека Иран е одговорен за ракетниот напад врз американската амбасада во Багдад.

Високиот ирански дипломат вчера објави на „Твитер“ дека Трамп користи безвредна фотографија за непромислено да го обвини Иран, очигледна референца на ПОТУС, кој претходно објави на „Твитер“ фотографија од три мали ракети за кои тврди дека не експлодирале обвинувајќи го Иран.

Зариф преку твит додаде: „Минатиот пат САД го уништија регионот на Блискиот Исток поради измислиците за оружје за масовно уништување во Ирак трошејќи 7 трилиони долари и предизвикајќи 58.976 американски жртви“.

Тој исто така приложи во твитот одделни фотографии на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш пред натписот „завршена мисија“ и на Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кои се ракуваат во знак на солидарност.

Ова се случи кусо по твитот на Зариф, во кој тој инсистира дека изложувањето на ризик на американски граѓани во странство нема да го сврти вниманието од катастрофалните неуспеси дома. Објавата содржеше фотографија на неодамна објавената табела, која ги сумира 20-те дена во изминатите 100 години со најмногу американски смртни случаи од природна катастрофа, војна или пандемија.

Зариф дополнително го критикува Трамп за лицемерство објавувајќи слики од твитови на ПОТУС од претходните години во кои се тврди дека ексамериканскиот претседател Барак Обама ќе го таргетира Иран за да ја зголеми својата популарност дома и да си го сочува образот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе

Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија, откажани повеќе од 80 летови

Иран се коцка со нападот врз Израел по понижувачките удари врз сојузниците