Утрински Весник
Свет

Во Русија фатен тинејџер кој подготвувал терористички напад

Во Русија фатен тинејџер кој подготвувал терористички напад

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречи терористички напад во градот Тамбов, се наведува во соопштението на ФСБ во петокот обавено од ТАСС.

„ Федералната служба за безбедност спречи терористички напад во Тамбов. Руски државјанин роден во 2003 година беше приведен за заговор за злосторството”, се вели во соопштението.

Офицерите на ФСБ заплениле експлозив, компоненти и прирачници за изработка на експлозивна направа и комуникациски средства во изнајмениот стан на младиот човек.

Рускиот истражен комитет во регионот Тамбов отвори кривична постапка според членовите 30.1 и 205.1 од Рускиот кривичен законик (подготовки за терористички напад).

Во соопштението на Истражниот комитет се вели дека 17-годишникот бил студент.

„ Според истражителите, обвинетиот, кој ги споделува идеите на деструктивната субкултура, планирал да изврши терористички напад во зграда во Тамбов, користејќи рачно изработена експлозивна направа создадена со помош на онлајн прирачник“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk