Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Сириската воздушна одбрана реагирала на израелската агресија, експлозии над Хама

(Видео) Сириската воздушна одбрана реагирала на израелската агресија, експлозии над Хама
Img 7972

Сириската противвоздушна одбрана била активирана за да се одбие израелски напад во провинцијата Хама, а државните медиуми јавуваат за експлозии на небото над Масјаф, пренесува РТ.

Наводните напади се случиле утрово, според Сириската арапска новинска агенција. Нападот, наводно, бил насочен кон воени локации во близина на градот Масјаф, лоциран на околу 37 километри западно од Хама.

Непотврдена снимка од одбраната на Сирија во акција кружи на Интернет.

Набрзо по нападите врз Сирија, исто така на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се претпоставува дека се израелски воени авиони како летаат ниско над Бејрут, Либан. Иако ИД не ги потврди нападите, претходно беа спроведени израелски операции од либанскиот воздушен простор.

Во средата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе зададе „силен удар“ на „секој што ќе се обиде да ни наштети“, издвојувајќи ги Иран и Сирија.

„ Ќе продолжиме да дејствуваме против обидите на Иран и неговите јатаци да формираат воени бази во Сирија. Нема да правиме компромис за ова прашање “, рече Нетанјаху, повторувајќи ја долгогодишната позиција на Тел Авив дека го задржува правото да напаѓа ирански цели без оглед каде се наоѓаат.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа