Утрински Весник
Магазин

„Неверленд“ на Мајкл Џексон продаден на милијардер за 22 милиони долари

Ранчот „Неверленд“ на покојниот поп-крал Мајкл Џексон, наводно, е продаден на милијардер инвеститор за една четвртина од почетната цена.

Рон Баркл, поранешен пријател на Џексон, неодамна го купи имотот во Лос Оливос, Калифорнија, рече неговиот портпарол.

Тој платил 22 милиони долари за Неврленд, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на јавни записи и три лица запознаени со договорот.

Имотот од 2.700 акри (1.100 хектари) првпат беше ставен на продажба за 100 милиони американски долари во 2015 година.

Џексон го купи Неврленд во 1987 година, и од него направи свој дом во екот на неговата слава. Тој го претвори ранчот во забавен комплекс, градејќи зоолошка градина, лунапарк, и други објекти, каде што редовно ги забавуваше децата и нивните семејства.

Во 90-тите и 2000-та, ранчот познат како „кралството“ на Џексон стана центар на разни истраги против пејачот во врска со обвиненија за сексуална злоупотреба на деца.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста