Утрински Весник
Магазин

„Неговите мрачни материјали“ се обновува за третата и последна сезона

„Неговите мрачни материјали“ се обновува за третата и последна сезона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Ејч-би-о“ и „Би-би-си уан“ ја обновуваат својата серија His Dark Materials („Неговите мрачни материјали“) за трета сезона, со осум епизоди кои треба да ја довршат оригиналната трилогија на авторот Филип Пулман.

Третата сезона треба да се адаптира од The Amber Spyglass и ќе започне со продукција во 2021 година.

Веста за обновување на серијата се појави на помалку од една недела пред премиерата на финалето на втората сезона на „ХБО“, и два дена по премиерата на „Би-би-си“.

Во објавата на „Радио Тајмс“ се наведува дека тимот во студиото „Бед Волф“ веќе напорно работи на развојот на претстојната трета сезона.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо