Утрински Весник
Свет

Во Италија стапија во сила специјални мерки за Божик

Во Италија стапија во сила специјални мерки за Божик

Коронавирусот повторно се зајакнува во Италија, каде што репродуктивниот број (Р) на инфекцијата расте втора недела по ред, предупредија тамошните здравствени власти.

Италија успеа да го забави ширењето на инфекцијата со регионални ограничувања на почетокот на ноември, но нивното влијание сега опаѓа.

Претставникот на италијанското Министерство за здравство, Џовани Реза, изјави дека Италија има 330 заразени на 100.000 жители во последните две недели, што е помалку од 375 лица од минатата недела, но тоа го нарече навистина минимално намалување.

„Идеално би било кога тој би бил помал од 50“, додаде Реза. „Сето тоа значи дека треба да бидеме внимателни и да ги задржиме ограничувањата што ги наметнавме.

Од денес во Италија стапија во сила специјалните мерки воведени за празниците, кои Италијанците најмногу ќе ги поминуваат дома. Дозволени се посети на максимум две лица, со неограничен број деца на возраст под 14 години.

Италија, земја со 60 милиони жители, е една од европските земји најпогодени од коронавирусот. Од почетокот на пандемијата починале 70.400 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња