Утрински Весник
Свет

Катарскиот шеф на дипломатија повика на дијалог меѓу земјите од Персискиот Залив и Иран

Катарскиот шеф на дипломатија повика на дијалог меѓу земјите од Персискиот Залив и Иран

Министерот за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани, повика на дијалог меѓу земјите од Персискиот Залив и Иран, додавајќи дека кризата во Заливот треба да се реши дипломатски и да се почитува суверенитетот, пренесува „Спутник“.

Ал-Тани зборуваше на заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по нивните разговори во Москва.

Годишниот самит на Советот за соработка во Персискиот Залив треба да се одржи во Ријад на 5 јануари, а учесниците се очекува да најдат решение за долгогодишната криза во Заливот меѓу Катар и соседите.

Во 2017 година, Саудиска Арабија, Бахреин, Египет и ОАЕ ги прекинаа врските со Катар, обвинувајќи ја државата за поддршка на тероризмот поради нејзините врски со Иран. Подоцна, другите земји од Персискиот Залив ги намалија своите односи со Доха и воведоа целосна блокада на земјата.

Катар ги негираше обвинувањата дека го поддржува тероризмот, додавајќи дека тие тврдења имаат за цел ограничување на суверенитетот на земјата.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Над 400 милиони низ светот живеат во сиромаштија

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе