Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Андоновска: Соседните држави имаат вакцини против коронавирус, ние последни ќе ги добиеме

(Видео) Андоновска: Соседните држави имаат вакцини против коронавирус, ние последни ќе ги добиеме

 

Соседните држави имаат вакцини против корона, а Филипче нема ниту план, земјава последна ќе ги добие вакцините, обвини Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите земји во регионот се посветени и организирани на зачувување на здравјето на граѓаните, само кај нас тоа не е приоритет. Во Србија стигна вакцина и почнува вакцинацијата, а тестови за корона можат да се купат во секоја аптека за 10 евра. Грција и Бугарија имаат вакцини, а Филипче нема ниту план, уште помалку одреден термин кога ќе стигнат вакцините за да започне вакцинацијата. Значи кога речиси сите веќе набавија вакцини и стартуваа со вакцинација против корона, Филипче не знае каде тера“, рече таа.

Прво, додаде Андоновска, Филипче рече вакцина за корона ќе имало на почеток на следната година, за потоа да ја смени изјавата дека тоа ќе се случи во март.

„Вчера веќе објаснува како Македонија била мал пазар па вакцини ќе имало во втората половина на 2021 година. Нема одговори од надлежните за клучните прашања дали, кога и колку дози на вакцини навистина ќе има, како и тоа дали граѓаните ќе имаат избор на различни вакцините кои веќе се употребуваат? Она што ни го кажува министерот за здравство е спротивно од онаа реалност за која постојано ни сведочат граѓаните“, рече Андоновска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт