Утрински Весник
Свет

Етиопија и Судан договорија решение за крај на немирите на границата

Етиопија и Судан договорија решение за крај на немирите на границата

Етиопското Министерство за надворешни работи објави вчера дека Адис Абеба и Картум постигнале конечен договор за решавање на тековната гранична криза, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Соопштението уследи по преговорите меѓу етиопската делегација, предводена од министерот за надворешни работи, Јемек Меконен, и властите во Судан.

Според портпаролот на етиопското МНР, Дина Муфти, граничниот спор меѓу двете земји треба да се реши по мирен пат, преку дијалог. „Скај њуз“ го цитираше Муфти кој рече дека непријателите на Етиопија кои сакале да го преувеличат проблемот не успеале и нема да успеат да го сторат тоа.

Картум исто така објави дека Суданско-етиопскиот заеднички политички комитет, што се среќава во главниот град на Судан, разговара за прецртување на границата меѓу двете земји и ќе одреди датум за почеток на овој процес.

Картум испрати масовно воено засилување на границата со Етиопија за да ја врати контролата на копно од етиопската милиција во областа Фашака, источен Гедареф.

Пред околу 26 години, вооружените групи од Етиопија одзедоа земјиште од суданските земјоделци во Фашака откако насилно ги избркаа.

„Границата со Етиопија е дефинирана, ние нема да отстапиме ниту сантиметар од нашата земја“, вели армијата на Судан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk