Утрински Весник
Свет

Пензионер добил 200 милиони евра на лото, голем дел ќе даде во добротворни цели

Пензионер добил 200 милиони евра на лото, голем дел ќе даде во добротворни цели

Добитник на 200 милиони евра на француската лотарија „Еуромилионс“, планира милионите евра да ги даде во добротворни цели.

Неименуван пензионер, кој освоил џекпот од 200 милиони евра изјавил дека би сакал да основа хуманитарен фонд, преку кој ќе даде десетина милиони евра во добротворни цели, како и дека дел од своето богатство планира да донира на болниците, пренесе францускиот портал „КонексионФранс“.

„ Гледањето на среќните луѓе околу мене е најголемата награда. Кога паѓаат парите од небото, мора да се стори нешто со нив за да им се помогне на оние кои немаат толку среќа. Инаку, нема смисла”, изјавил добитникот на лотаријата, кој живее на југот на Франција.

Тој исто така рекол дека ќе и купи на својата ќерка нов автомобил и ќе им помогне на „роднините во неволја“. Но, тој рече дека неговите планови за Божиќ не се променети – „ќе го сториме точно она што беше планирано, до менито“ – и сите планови за патување ќе чекаат откако ќе згасне глобалната пандемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Повеќе од 900 лица евакуирани по ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија

ВРТ: Дел од „дроновите“ регистрирани на небото над Белгија всушност не биле дронови

Се продлабочува јазот помеѓу богатите и сиромашните – милијардерите од Г20 би можеле да ја искоренат светската сиромаштија