Утрински Весник
Свет

Во Словенија 1.913 нови случаи на коронавирус, се спроведува бесплатно масовно тестирање

Во Словенија рекордни 123 новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.913 нови случаи на коронавирус од 6.524 тестови, а 39 лица починаа, објави словенечката влада.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 109.370 случаи на коронавирус во Словенија.

Во споредба со ситуацијата пред седум дена, продолжува трендот на мало намалување на растот на новозаболени, имајќи предвид дека во вторникот минатата недела имало 2.111 новозаболени.

Во моментов има 19.834 активни случаи во земјата, а просечниот број на нови случаи дневно во последните седум дена е 1.358. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 2.418, според податоците на Министерството за здравство.

Вчера во Словенија, во неколку поголеми градови, започна масовно бесплатно тестирање со брзи тестови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Медведев: Европјаните ќе се фатат за рака и ќе го напуштат Гренланд

Трамп тврди дека Зеленски, а не Путин, го блокира мировниот договор за Украина

Германија и Франција ќе испратат војници во Гренланд