Утрински Весник
Свет

Русија прогласи за непожелни двајца колумбиски дипломати

Русија прогласи за непожелни двајца колумбиски дипломати

Русија прогласи за персона нон грата двајца вработени во амбасадата на Колумбија.

Тоа е сторено како одговор на протерувањето на двајца руски дипломати од Колумбија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Колумбискиот амбасадор во Москва, Алфонсо Педро Лазаро Лопез Кабаљеро е повикан во министерството, каде му е врачен протест поради неоснованата одлука за протерување на двајца руски дипломати од таа латиноамериканска земја, било кажано во руското Министерство за надворешни работи, пренесе ТАСС.

Оттаму додаваат дека тој чекор не е во согласност со односите помеѓу Русија и Колумбија, кои се засноваат на традиционалното пријателство и взаемна почит.

Како што пренесуваат некои колумбиски медиуми, двајцата руски диплоомати се протерани од Колумбија наводно поради вмешаност во шпионажа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови