Утрински Весник
Спорт

Брентфорд преку Њукасл за прво полуфинале во 131-годишната историја на клубот

Брентфорд преку Њукасл за прво полуфинале во 131-годишната историја на клубот

Англискиот второлигаш Брентфорд со 1:0 ги совлада Њукасл и се пласираше во полуфиналето на Карабао купот (англискиот лига куп), нивно прво полуфинале во едно англиско куп натпреварување во 131-годишната историја на клубот од предградието на Лондон.

Џошуа Да Силва го постигна единствениот гол на мечот во 67. минута од дуелот на „Комјунити“ стадионот за разочарувачки исход на тимот на Стив Брус.

Вечерва во второто четврт-финале играат Арсенал и Манчестер сити, додека утре се среќаваат Евертон-Манчестер јунајтед и Стоук сити-Тотенхем.

> Брентфорд преку Њукасл за прво полуфинале во 131-годишната историја на клубот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство