Утрински Весник
Македонија

Царовска: Со реформaта учениците ќе учат да размислуваат и да носат заклучоци врз основа на анализа и факти

Царовска: Со реформaта учениците ќе учат да размислуваат и да носат заклучоци врз основа на анализа и факти

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска учествуваше на панел-дискусија организирана од „Фајнанс тинк“ на тема социо-економското влијание од Ковид-19 во Северна Македонија.

Министерката во обраќањето истакна дека образованието во цел свет, па и кај нас се покажа дека не е имуно на пандемијата, но таа, пак, беше причина да се забрзаат процесите на дигитализација. Сепак со воспоставување хибридниот модел во кој се вклучени настава со физичко присуство, онлајн настава и емитување часови на телевизија успеавме да обезбедиме континуитет во наставата и успешно да го завршиме првото полугодие од оваа учебна година.

„Пандемијата само ги забрза процесите на дигитализација на образованието и нé потсети колку ни е важно да имаме дигитализирано и реформирано образование. Со новата концепција за првпат нудиме образование коешто е инклузивно, со коешто училиштата ќе станат места каде што учениците ќе научат да учат, ќе постигнат личен развој и ќе ги поттикнеме да размислуваат и да носат заклучоци врз основа на анализа и факти. Со оваа образовна концепција ќе создадеме идни генерации коишто ќе знаат да одговорат и да ги решаваат секојдневните предизвици, со знаењето стекнато во училиште, но и ќе знаат да одговорат на работните места коишто допрва ќе се создаваат во иднината“, рече Царовска.

Во оваа панел-дискусија учествуваа и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани и  Џихан Тавилах, претставник на Светска здравствена организација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание