Утрински Весник
Свет

Шест муслимани уапсени во Индија, принудувале хиндуска да премине во ислам

Шест муслимани уапсени во Индија, принудувале хиндуска да премине во ислам
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шест муслимани се уапсени во индиската држава Утар Прадеш во случајот поднесен врз основа на новообјавената уредба против незаконските преобратувања, пренесува НДТВ.

Полицијата во областа Етах во Утар Прадеш соопшти дека случајот е покренат откако 21-годишна жена исчезнала, а нејзиниот татко поднел тужба во која се тврди дека неговата ќерка била киднапирана од муслиман и од неговите роднини. Тој тврди дека станува збор за принудно преобратување во ислам и брак.

Хиндуската и нејзиниот муслиманскиот сопруг засега не се пронајдени, но полицијата објави награда од 25.000 индиски рупии (околу 338 УСД) за петмина други обвинети во случајот.

Иако извештајот за исчезнатата девојка бил регистриран на 25 ноември, Првиот информативен извештај (ФИР) според Законот против незаконско преобратување бил поднесен речиси еден месец подоцна, а полицијата не го објасни доцнењето.

Новиот Закон против незаконско преобратување, кој стапи на сила на 28 ноември, досега поттикна шест полициски жалби (ФИР), 29 лица беа осудени за прекршоци. Околу 15 лица, сите муслимани, се уапсени низ државата Утар Прадеш.

Законот против незаконско преобратување  се најде на удар од различни страни во Индија, а многумина го критикуваа за кршење на основните права на граѓаните. Од многумина, како поранешни судии, е оценет како неуставен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати