Утрински Весник
Македонија

Почина Мирко Голомеиќ, сопственик на ланецот „Рагуза“

Почина Мирко Голомеиќ, сопственик на ланецот „Рагуза“

По кратко боледување од срцеви компликации денеска на 59 години почина еден од најдобрите угостители во Македонија, Мирко Голомеиќ. Погребот ќе се одржи утре во 12 часот, на гробиштата во Горно Лисиче.

Мирко е познат како основач и сопственик на семејната групација „Рагуза”, меѓу кои се и бутик-хотелот „Вила Рагуза” на Водно, ресторанот „Рагуза 919“, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк, како и ресторанот „Рагуза360“.

Ќе се памети како човек кој повеќе од 25 години се посвети на квалитетно искуство и вкусна храна, инвестирање во иновативни технологии за храната, секогаш уникатни специјалитети и создавање на пријатен амбиент за секоја пригода. Рагуза360, неговиот ивент центар беше посетен и од папата Франциск, кој имаше можност да вкуси од уникатните специјалитети создадени од вештоте раце на Мирко.

Бизнисот го започна во 1993 година, кога заедно со семејството го отворија ресторанот „Мирко 919”, кој сега е познат по името „Рагуза919“ место кое докажа дека со упорноста и вербата во сопствената идеја, успехот е неизбежен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат