Утрински Весник
Магазин

Питер Џексон со кус осврт на претстојниот филм за „Битлси“

Питер Џексон со кус осврт на претстојниот филм за „Битлси“

Многу очекуваниот документарец The Beatles: Get Back, кој содржи 56 часа досега невидени снимки на култниот бенд од Ливерпул, треба да се појави во киносалите на 27 август 2020 година.

Режисерот на филмот, оскаровецот Питер Џексон, објави петминутен тизер во кој објаснува дека тие се на половина пат од процесот на обработка.

“Снимањето на овој филм требаше да заврши досега, но како и остатокот од светот, така и овој проект беше под влијание на пандемијата. Единствената добра работа е што ние го едитираме филмот во Нов Зеланд, а сега кога нашата земја во голема мера го искорени вирусот, можеме да се вратиме дома и да продолжиме со работа.“

 

Џексон на крајот вели: Имаме 56 часа досега невидени снимки на „Битлси“ и тие се навистина одлични работи. А ние сме, би рекол, на половина пат од уредувањето”.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк

Долговите наскоро би можеле да станат минато за овие четири хороскопски знаци

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија