Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 1.595 новозаболени од коронавирус, 71 починат

Во Хрватска рекорден број на починати и 2.378 новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа регистрирани се 1.595 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 15.115. Меѓу нив, 2.895 пациенти се во болница, од кои 294 се на апарати за дишење.А починаа 71 лице.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно се евидентирани 197.323 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 3.328 починаа, а вкупно 178.880 се опоравија, од кои 2.514 во последните 24 часа.

Во моментов има 48.166 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 964.313 лица, од кои 9.088 во последните 24 часа.

Од утре е во сила забраната за патување во други жупании од местото на живеење или престој. Оние кои сè уште сакаат да патуваат, мора да имаат пропусница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот