Џенифер Лопез останува без никаква најава или барем наговестување за нејзините свадбени планови со свршеникот Алекс Родригез.
Но, се чини дека двојката го пропушти моментумот поради пандемијата на Ковид-19.
Латино дивата неодамна откри дека таа и пензионираниот професионалец од МЛБ-лигата размислуваат воопшто да не стапат во брак, откако ја откажаа нивната јунска венчавка, која беше планирана за Италија.
51-годишната музичарка, актерка и деловна жена, разговараше за тоа во понеделникот во емисијата на Енди Коен „Сириус икс-ем радио Енди“, откако тој направи споредба со Курт Расел и Голди Хоун, кои живеат во среќно партнерство од 1983 година, но никогаш не стапија во брак.
Таа одговори: „Да, сигурно, разговаравме за тоа. Мислам на наша возраст, и двајцата сме биле во брак порано. Дали да се венчаме? Што значи тоа за нас? И едноставно, се сведува на тоа дека сакаме да продолжиме вака и да не менуваме ништо.“
„Дефинитивно нема брзање. Беше навистина тажно затоа што требаше да се венчаме во јуни и го испланиравме сето тоа,“ рече таа и додаде: А, за март или април, и двајцата велиме: „Ова можеби нема да се случи.“