Утрински Весник
Свет

Тројцата најбогати луѓе во светот нема да платат данок оваа година

Тројцата најбогати луѓе во светот нема да платат данок оваа година
Dik 300x250 mk

Откако Илон Маск се пресели во Тексас, сега сите тројца најбогати луѓе во светот живеат во американски држави каде не наплаќаат данок на доход.

На 8 декември беше објавено дека Маск го напуштил својот дом во Калифорнија за да замине за Тексас, каде се гради нова фабрика на „Тесла“.

Најбогатиот човек во светот Џеф БЕзос, чие богатство е со вредност од 183 милијарди долари, живее во државата Вашингтон. Креаторот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој е третиот на листата на милијардери на Блумберг, исто така живее во Вашингтон.

Тексас и Вашингтон се две од девет американски држави кои не наплаќаат данок на доход. Останатите седум се Аљаска, Невада, Њу Хемпшир, Јужна Дакота, Тенеси и Вајоминг.

Инаку, за Маск оваа година беше плодна. Неговото богатство е во пораст, како што растат акциите на „Тесла“. Пред два дена, акциите на компанијата се зголемиле за 6 проценти, постигнувајќи ново највисоко ниво од 695 долари.

Во изминатите 12 месеци на својата нето вредност додаде над 127 милијарди долари. Според „Форбс“, само неговата ракетна компанија „СпејсИкс“ сега се проценува на 46 милијарди долари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија