Утрински Весник
Свет

Падна владата на Хоти во Приштина

Хоти: Договорот би требало да води кон меѓусебно признавање

Косовскиот уставен суд синоќа ја собори владата на Авдулах Хоти, бидејќи чинот на гласање со кој неговиот кабинет ја доби поддршката од парламентот беше прогласен за неуставен.

Судот нареди нови избори.

Нови, предвремени избори во Косово мора да се одржат најдоцна 40 дена по објавувањето, бидејќи владата на Хоти ја доби поддршката од парламентот благодарение на неуставното гласање, објави Уставниот суд на Косово.

Објавувајќи ја одлуката, судот објави дека пратеничкиот мандат на Етем Арифи е потврден, иако тој беше осуден на една година и три месеци затвор неколку месеци претходно.

Владата на Авдулах Хоти во вториот обид доби поддршка од 61 пратеник во косовскиот парламент, но бидејќи Уставниот суд го прогласи клучниот глас за ништовен и неважечки, на претседателот на Косово му беше наредено да распише нови избори.

Третите парламентарни избори во последните три години се резултат на жалба поднесена од движењето Самоопределување уште во јули, во кое се тврди дека владата на Авдулах Хоти доби поддршка во парламентот благодарение на гласот на Етем Арифи, кој во тоа време беше осуден за корупција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња