Утрински Весник
Магазин

Софија Ричи и татко ѝ Лајонел на рајски остров на Карибите среде пандемија

Софија Ричи и татко ѝ Лајонел на рајски остров на Карибите среде пандемија

Ковид-19 однесе над 1.7 милиони животи ширум светот, а приближно 80 милиони луѓе се инфицирани со коронавирусот, но тоа не ги спречува богатите и славните да патуваат низ светот како ништо да не се случува околу нив, коментираат таблоидите.

Моделот Софија Ричи, нејзиниот брат Мајлс Брокман Ричи и таткото Лајонел Ричи како да ја фрлија претпазливоста во ветер, и отидоа да уживаат на одмор на јахта во прекрасниот остров Сент Бартс на Карибите оваа недела.

22-годишната девојка од насловните страници облече бикини за да вози скутер на вода, додека нејзиниот 71-годишен татко ја соблече кошулата и фати сонце на палубата. Со нив беше и 31-годишната девојка на Лајонел, Лиза Париџи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА: Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“