Утрински Весник
Економија

Новиот вид на коронавирус ги спушти цените на нафтата

Новиот вид на коронавирус ги спушти цените на нафтата

Цените на нафтата паднаа на 50 американски долари на меѓународните пазари, поради појавата на новиот вид на коронавирус во Велика Британија, што предизвика нов бран мерки на штедење.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 2,23 долари во споредба со претходното затворање, на 50,03 долари. Во Њујорк со барел се тргувало по 2,1 долари пониска цена, од 47 долари.

Појавата на нова варијанта на коронавирусот во Велика Британија, за која се смета дека е 70% позаразна од претходните, го обнови стравот од инфекција. Ковид-19 досега однесе околу 1,7 милиони животи. Голем број земји ги затворија границите со Велика Британија, што предизвика хаос во сообраќајот и го зголеми стравот од недостиг на храна.

Новиот вид на вирус е веќе откриен во Австралија, Холандија и Италија.

Цените на нафтата минатата недела се зголемија на 50 долари во Лондон, првпат од март, благодарение на оптимизмот поттикнат од почетокот на вакцинацијата против Ковид-19.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство

Битиќи: Се извинувам што ја вознемирувам министерката додека е на патување, денес избега, но ја очекувам во четврток во Собранието