Утрински Весник
Свет

Јанша: Пред Европа се двата најтешки месеци

Јанша: Пред Европа се двата најтешки месеци

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, изјави дека европските земји се соочуваат со два најтешки месеци во борбата против епидемијата на коронавирус иако вакцините се светло на крајот од тунелот.

„И покрај одобрените и најавени вакцини, јасно е дека до крајот на пролетта нема да биде вакцинирано целото население за целосно запирање на ширењето на вирусот. Словенија ќе се соочи со обврска да го спречи ширењето на вирусот во следните недели и месеци, и затоа следните два месеци ќе бидат потешки од периодот зад нас“, предупреди Јанша.

Тој најави дека овие денови во Словенија започнува масовно тестирање со брзи тестови и дека се прават подготовки за почеток на вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“.

Словенија ќе добие 9.745 дози вакцина до крајот на годинава за вакцинирање на лицата во домовите за стари и дел од персоналот во тие домови. Сите ќе добијат втора доза од истата вакцина од друга пратка по новогодишните празници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан