Утрински Весник
Свет

Џо Бајден денеска во живо ќе се вакцинира против коронавирус

Бајден ѝ се обраќа на јавноста во пресрет на Денот на благодарноста
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, денеска ќе ја добие својата прва доза на вакцината против коронавирус, на настан што ќе се емитува во живо на телевизија.

Денешниот настан ќе се одржи на истиот ден кога дозите од втората вакцина, произведена од „Модерна“, пристигнуваат во САД, придружувајќи се на „Фајзер“ во создавањето на американскиот арсенал против пандемијата која досега однесе повеќе од 317.000 животи во САД.

„Сакам да се осигурам дека ќе му покажеме на американскиот народ дека вакцината е безбедна“, рече Бајден за својата одлука.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати