Утрински Весник
Свет

Кремљ ги смета санкциите против „Северен тек 2“ за елементи на хибридна војна

Кремљ ги смета санкциите против „Северен тек 2“ за елементи на хибридна војна
Dik 300x250 mk

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков се согласи со мислењето на рускиот бизнисмен Олег Дерипаска и ги нарече санкциите против „Северен тек 2“ еден од елементите на хибридното војување, пренесува ТАСС.

„Општо, можеме да се согласиме со Дерипаска. Ова е навистина варијанта на хибридна војна, се користи како хибридна војна од САД“, рече Песков. „Да ги земеме, на пример санкциите против ‘Северен ток’… тоа е чиста хибридна војна која продолжува како војна придружена со нелојална конкуренција“, додаде тој.

Во исто време Песков истакна дека најдобриот одговор би бил да се почитуваат и да се обезбедат интересите на Руската Федерација, што подразбира дека проектот „Северен тек 2“ ќе биде финализиран.

Дерипаска на својот канал на „Телеграм“ претходно ги опиша санкциите како оружје на модерната хибридна војна и ги спореди со бомбардирање градови или директно напаѓање на државните граници. Штетите врз цивилното население, според него, се уште поголеми.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција