Утрински Весник
Магазин

Амбризио: Животот е премногу краток за да бидете незадоволни или несреќни

Амбризио: Животот е премногу краток за да бидете незадоволни или несреќни

Алесандра Амбризио ова лето поминува што е можно повеќе време на плажа среде пандемијата на Ковид-19.

Атрактивната Бразилка не се повлекува од песокот и сонцето само затоа што е декември.

Таа во неделата попладне покажа зошто беше и сè уште е еден од најдобрите супермодели. Фотографите ја уловија нејзината беспрекорна фигура во розово бикини додека ужива на плажата во Флоријанополис, во родниот Бразил, каде што ги поминува празниците.

Амброзио почна забавна и секси видеокампања за својата линија костими за капење „ГАЛ флорипа“, што ја сними во Бразил со некои од нејзините најблиски пријателки модели.

Таа сподели видеоклип на „Инстаграм“ и напиша: „Бидете блесави. Бидете забавни. Бидете поинакви. Бидете луди. Бидете вие затоа што животот е премногу краток за да бидете незадовлни или несреќни“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години