Утрински Весник
Магазин

Шарлиз Терон на тренинг пред празничната недела

Шарлиз Терон на тренинг пред празничната недела
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шарлиз Терон во неделата попладне беше фотографирана во Беверли Хилс додека ја напушта салата во која редовно вежба.

45-годишната актерка со својот Порше Макан излегуваше од паркинг објект во непосредна близина на нејзината локација за вежбање.

 

Оскаровката минатата недела разговараше со „Харперс базар Арабија“ и во интервјуто таа откри дека 2020 година ја обликувала како личност во услови на пандемија на Ковид-19 и промена на социјалното море по убиството на Џорџ Флојд.

„Првото нешто што ми паѓа на ум е колку самозадоволно сум живеела во општество каде системскиот расизам е жив и здрав“, изјави актерката од „Атомска русокоса“.

„Не станува збор само за непотребната употреба на сила од страна на полицијата и воопшто, полициската бруталност, туку и за една поширока слика за тоа како сите живееме во систем што е поставен да ги чува афроамериканските луѓе на место каде е невозможно да живеат со целосен потенцијал како индивидуи,“ вели таа во интервјуто.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk