Утрински Весник
Свет

(Видео) Вулканот Килауеа еруптира на Хаваите

(Видео) Вулканот Килауеа еруптира на Хаваите

Вулканот Килауеа еруптира на Големиот Остров на Хаваите, соопшти денеска Американскиот геолошки институт повикувајќи се на Вулканската опсерваторија на Хаваите, пренесува „Спутник“.

Опсерваторијата откри сјаење во кратерот Халема’ума’у на вулканот околу 21.30 часот по хавајско време. Ситуацијата бргу ескалира и ерупцијата беше означена со црвен код, што е највисоко можно советодавно ниво за авијацијата, а нивото на тревога беше променето во предупредување.

Фотографии и видеа од ерупцијата се појавија на интернет, а на нив се гледаат облаци црн чад, кои излегуваат од кратерот со пеколни портокалови нијанси.

Опсерваторијата регистрира зголемена сеизмичка активност во областа на вулканот од септември. На почетокот на овој месец експертите забележаа деформација на почвата и стапки на земјотрес што ги надминаа оние забележани од крајот на ерупцијата во 2018 година.

Во мај 2018 година се случи експлозивна ерупција на Килауеа. Килауеа е еден од петте вулкани на Големиот Остров на Хаваите и е еден од најактивните во светот, според ЕСА.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот