Утрински Весник
Свет

На космонаутите од Меѓународната вселенска станица им истекува и воздух и време

На космонаутите од Меѓународната вселенска станица им истекува и воздух и време

Во рускиот дел на Меѓународната вселенска станица (МСС), космонаутите ја бараат пукнатината од која истекува воздух. Резервите на кислород се намалуваат и сè уште не е јасно од каде протекува, пренесува агенцијата ТАСС по разговорите меѓу седиштето во Москва и екипажот на вселенската станица.

Космонаутот Сергеј Рижиков им рече дека воздухот излегува при преминот кон модулот Звезда, но дека екипажот сè уште не знае од каде. Падот на притисокот беше регистриран на почетокот на август, но сега времето истекува така што можно е целосно да се запечати тој дел од МСС за да не се загрози целата станица. Но, тоа во голема мера би ја ограничило работата на МСС.

Не помогнало ниту излегувањето на еден космонаут кон надворешноста на станицата. Руската вселенска агенција „Роскосмос“ секогаш потенцираше дека нема непосредна опасност за екипажот. „Сè е под контрола“, тврди Димитриј Рогозин, шеф на „Роскосмос“.

За февруари е планиран лет на товарната сонда „Прогрес“, која треба да достави нови количини кислород до МСС. Ако во меѓувреме ситуацијата стане сериозна, американската НАСА би можела да испрати беспилотно летало со кислород.

Меѓународната вселенска станица е стара повеќе од две децении. Пред две години ае откриена дупка што предизвика контроверзии. Во последно време, астронаутите тешко се снабдуваат со електрична енергија и тоалет.

Во моментов има седум лица на МСС на 400 километри од Земјата: двајца Руси, четворица Американци и еден Јапонец.
МСС е единствената вселенска станица – всушност вештачки сателит со човечки екипаж – која воопшто постои.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk