Утрински Весник
Свет

Во Италија октриена најголемата финансиска сајбер кражба

Во Италија октриена најголемата финансиска сајбер кражба

Италијанската финансиска полиција го откри авторот на досега најголемиот грабеж во сферата на сајбер финансиите, односно берзата на која се разменува криптовалута наречена Биткон, пренесува агенцијата Аги.

Станува збор за 34-годишен маж од Фиренца, кој како сопственик на овластена компанија за промена на криптовалута, оштетил штедачи од целиот свет за 120 милиони евра.

Тој исто така им овозможил и на други хакери преку информатичката платформа „Битгрејл“ да пренасочат пари од штедачите на нивни сметки. На тој начин оштетиле вкупно 230.000 сопственици на крипто-валути од целиот свет.

Операцијата е успешно завршена благодарение на соработката на италијанската полиција и Интерпол.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американските сили повторно го нападнаа иранскиот остров Кешм

Повторно нападнат Кувајт – 24info.mk

СЗО: Епидемијата на ебола може да биде два до четири пати поголема од официјалните проценки