Утрински Весник
Македонија

Во Србија од денеска влегување само со негативен ПЦР тест

ЕУ денеска ги отвори границите за 15 држави од светот, Македонија не е на списокот

Во Србија денеска стапија на сила нови заштитни мерки против корона вирусот, со кој странски државјани ќе можат да влезат во Србија само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, јавуваат српските медиуми. Државјаните на Србија, пак, ќе може да влезат во земјата и без таков тест, но ќе мора да одат во задолжителна 10-дневна изолација, која може да се прекине доколку во меѓувреме направат ПЦР тест и резултатот е негативен.

Мерките стапија на сила по полноќ денеска, а во изминатите денови на граничните премини за влез во Србија се формираа долги колони, поради наплив на државјани на Србија, но и на Македонија и на други земји, кои сакаа да ја искористат можноста да влезат или транзитираат преку Србија без ПЦР тест.

Инаку, Кризниот штаб на Србија денеска ѝ препорача на Владата трговските центри и сите услужни дејности да работат до 20 часот во работните денови, вклучително и на рестораните и кафулињата, со почитување на сите заштитни мерки. Досега голем дел од овие дејности работеа до 17 часот. Културните установи ќе работат до 21 часот. Во многу градови, болниците се полни.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот