Утрински Весник
Свет

Путин за руските разузнавачи: Tие се посветени и храбри луѓе кои ја чуваат Русија

Портпарол на Кремљ: Путин ќе ја информира јавноста ако ја прими вакцината

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата ја пофали храброста на руските шпиони, по повод 100-годишнината од руската Служба за надворешно разузнавање (СВР).

„Им посакувам успех на сите што ја штитат Русија и нашиот народ од надворешни и внатрешни закани, кои го бранат нашиот суверенитет и нашите државни интереси“, рече Путин во говорот во седиштето на СВР во Москва.

„Јас многу добро знам дека лојални и храбри луѓе работат во СВР, наследник на првата главна администрација на Советската служба за безбедност (КГБ)“, истакна тој.

Путин, и самиот поранешен агент на КГБ, кој во последно време ретко патува, положи венец на новиот споменик пред зградата на СВР.

„Се надевам дека Службата за надворешно разузнавање ќе продолжи активно да учествува во откривање и неутрализирање на можни закани за Русија“, рече тој.

„Успешната работа на безбедносната служба заснована врз законот и врз националните интереси отсекогаш била и ќе биде особено важна за Русија“, рече рускиот претседател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Француските власти истражуваат можна саботажа на возот што излета од шините во Нормандија

Путин: Влегувањето на европски трупи во Украина би значело војна со Русија

Бројот на заразени со ебола надмина 7.000 во ДР Конго