Утрински Весник
Свет

Паника поради новиот вид на коронавирус, според британскиот министер ситуацијата е надвор од контрола

Паника поради новиот вид на коронавирус, според британскиот министер ситуацијата е надвор од контрола

Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, денес изјави дека новиот вид коронавирус е надвор од контрола, на тој начин оправдувајќи го затворањето на Лондон и на дел од Англија, што може да трае сè додека не се вакцинира популацијата.

„За жал, новиот вид е надвор од контрола. Треба повторно да воспоставиме контрола, а тоа е можно само со ограничување на социјалните контакти”, изјави Ханкок за „Скај њуз“.

„Ќе биде многу тешко да се задржи контролата сè додека не се вакцинира населението“, додаде тој.

Конзервативната влада на Борис Џонсон вчера прогласи карантин за Лондон и за југоистокот и дел од источна Англија, принудувајќи повеќе од 16 милиони жители да останат дома и да се откажат од божиќните собири.

Сите продавници кои не продаваат храна и основни продукти се затворени и забрането е патување надвор од зоните со највисоко ниво на тревога.

Врз основа на податоците достапни од британските експерти, се смета дека новиот вид на вирусот побрзо се шири, а поради стравот дека ќе биде пренесен во други земји, некои држави ги откажаа летовите кон Велика Британија.

Сепак, паниката во светот расте откако беше објавено дека новиот вид на вирусот е регистриран уште три земји – Данска, Холандија и Австралија!

Коментирајќи го новиот вид на вирусот, привично откриен во Велика Британија, микробиологот Бранко Рихтман за ТВ Прва изјави:

„Од она што е познато во моментов, нема никаква разлика во клиничката слика, ниту има разлика во тоа колку вирусот е чувствителен на вакцините, тој не влијае на ефикасноста на вакцините. Но, повторно, од она што е познато, се чини дека се новиот вид се шири доста брзо, односно се чини дека се врзува за човечките клетки побрзо од претходниот вид“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години