Утрински Весник
Свет

Уапсено уште едно лице поврзано со терористичкиот напад во Виена

Уапсено уште едно лице поврзано со терористичкиот напад во Виена
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Австриската полиција уапси едно лице за кое се сомнева дека е соучесник во терористичкиот напад на 2 ноември, кога Албанец од Северна Македонија, Кујтим Фејзулај, уби пет лица во центарот на Виена и рани повеќе од 20 лица.

Уапсен Австриец со потекло од Авганистан, за кого се верува дека знаел за терористичкиот план на Фејзулај.
Истрагата за специјалната единица доведе до апсење на овој пријател на убиениот џихадист.На автоматската пушка со којашто пукал Фејзулај, биле пронајдени траги од ДНК на уапсеното лице.

Полицијата претпоставува и дека уапсеното лице снимило кратко видео на кое се гледа автоматската пушка калашников (АК47) со албанската рап песна „АК47“. На тоа видео, кое трае само 10 секунди, можат да се забележат двајца мажи во „бе-ме-ве“ со „калашников“, а полицијата верува дека едниот од нив е терористот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур