Утрински Весник
Спорт

Марјановиќ: Дончиќ и јас сме како „глуп и поглуп“, погодете кој е кој!

Марјановиќ: Дончиќ и јас сме како „глуп и поглуп“, погодете кој е кој!
Dik 300x250 mk

Српскиот кошаркарски џин, Бобан Марјановиќ во НБА лигата важи за еден од најомилените кошаркари. Тој во последното интервју зборуваше за неговиот однос со слвенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со кого се клупски колеги во Далас Маверикс.

Впечатокот е дека ова балканско дуо ужива во моментите поминати заедно.

„Ние сме се како `глуп и поглуп`, а вие погодувајте кој е кој. Шегата на страна. Ние толку добро се забавуваме заедно, кога ќе погледнете некои наши снимки си помислувате `мора да е вака 24/7`. Убаво е да им покажеме на медиумите дека уживаме во работата која ја работиме. Ние сме деца во срцето и го сакаме тоа што го работиме. Се забавуваме играјќи заедно“ изјави Марјановиќ за американските медиуми.

> Марјановиќ: Дончиќ и јас сме како „глуп и поглуп“, погодете кој е кој! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации