Утрински Весник
Македонија

Како ќе се одрази спојувањето на предметите врз наставата и учениците

Како ќе се одрази спојувањето на предметите врз наставата и учениците

Промените во работата на воспитно-образовните институции, како и воспоставувањето на целосно нова образовна концепција за основно образование се во интерес на учениците, велат во видео обраќања Анита Анѓеловска
директорка на ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци и Иванка Мијиќ, советничка во Бирото за развој на образование, кои учествуваа во подготовката на новата концепција. Анѓеловска и Мијиќ зборуваа за интегрирањето на повеќе научни дисциплини во двата предмета општествени науки и природни науки и како тоа ќе се одрази на учењето на учениците, но и работата на наставниците.

„Концепцијата подразбира унапредување на секој поглед следејќи ги промените на законската регулатива преку концептот за граѓанско образование кој беше претходно изработен. Начелата на основното образование поттикнуваат најдобар интерес и целосен развој кај ученикот, еднаквост, достапност, пристапност. За да формирам мислење деновиве многу активно ги следев сите засегнати страни во воспитно-образовниот процес, стартувајќи од родителите, учениците и наставниците но ги анализирав и постоечките наставни програми кои во голем дел се застарени и бараат промена”, вели Анѓеловска.

Анѓеловска истакнува дека интегрирањето на историјата со граѓанското образование и содржини по географија е добро и потребно е од повеќе причини. 



„Пред се затоа што сакаме учениците да ја имаат врската со реалноста, да ги разгледуваат настаните, случувањата и промените од повеќе перспективи да покажуваат проактивност и да развиваат критичко и креативно мислење, да развиваат способности и вештини за истражување и решавање проблеми и да се оспособат за натамошно образование и доживотно учење како изградени личности и активни граѓани на една демократска држава”, вели Анѓеловска.

Советничката од БРО, Ивана Мијиќ објаснува дека со новата концепција во основно образование наставниот предмет природни науки ќе биде застапен и ќе се изучува во текот на сите одделенија во основното образование, започнувајќи од прво заклучно со деветто одделение.

„Новината во оваа концепција е во третиот развоен период од трето до деветто одделение. Наставните предмети биологија, хемија и физика ќе се интегрираат во единствен предмет природни науки. Во овој наставен предмет од седмо до деветто одделение се интегрираат содржините и наставните теми од трите научни дисциплини биологија, хемија и физика. Тоа значи дека во наставниот предмет Природни науки од седмо до деветто одделение ќе бидат развиени во самиот наставен предмет три поодделни модули како што се модул биологија, хемија и модул физика. Со наставниот предмет Природни науки од седмо до деветто одделение ќе се обезбеди интегриран систем, ќе се обезбеди континуитет во изучувањето на научните дисциплини биологија, хемија и физика и она што е важно модулите биологија, хемија и физика ќе обединуваат содржини од научна област”, вели Мијиќ.


Мијиќ вели дека овие модули ќе корелираат меѓусебно, ќе обезбедуваат интегриран пристап и во текот на целата учебна година ќе се изучуваат синхронизирано, паралелно и на таков начин и соработката на наставниците во планирањето и организирањето на наставата ќе се подигне на многу високо ниво.

„Ваквиот начин на изучување на предметот природни науки применува во многу модерни образовни системи ширум Европа и светот. Наставните програми коишто ќе се изработуваат за наставниот предмет природни науки во основното образование ќе нудат еден современ концепт односно ќе се учи на база на истражување и примена на експериментот во наставата. Исто така ќе го фаворизираат и форсираат учењето со разбирање и размислување, а ќе развиваат и вештини кај учениците за решавање на проблеми како и примена на усвоените знаења во секојдневен контекст”, вели Мијиќ.



Со воспоставувањето на новата образовна концепција освен што го подигаме нивото на образованието формираме генерации коишто ќе развиваат научен поглед на светот. Всушност се овозможува приближување до меѓународните стандарди на учење како впрочем што го поставуваат и многу меѓународни студии, тестирања и истражувања, соопшти
Министерство за образование и наука.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лефков: Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, само тој може да ги управува и мрежата на Сорос

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата