Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола во победата од 4-0 на Јувентус кај Парма. Со овие голови Поругалецот изедначи рекорд на Омар Сивори од 1961 година.
Роналдо стана петтиот играч кој постигнал најмалку 32 гола во Серија А во една календарска година. Португалскиот ас може доолнително да го подобри тој рекорд затоа што до крајот на годинава Јуве има уште еден меч во првенството.
Роналдо ќе се најде пред предизвикот да го надмине Стефан Нијерс кој во 1951 година постигна 33 гола.
Рекордот го држи Феличе Борели со 41 гол од далечната 1933 година, па следува Гунар Нордал со 36 гола, постигнување во 1950 година.
Неверојатно е тоа што Роналдо до бројката од 32 гола стигна играјќи само 28 меча годинава во Серија А.
> Роналдо изедначи рекорд во Серија А од 1961 година <