Утрински Весник
Свет

Ковид-19 влегува во мозокот и може да биде автоимуно заболување, покажа научно истражување

Клиниката за неврологија изготви „Водич за справување со невролошки заболувања во услови на ковид-19 пандемија“

Нова студија на Универзитетот Јејл открива дека критичните пациенти од Ковид-19 диспропорционално поседуваат таканаречени „автоантитела“ кои го вооружуваат имунолошкиот систем против нив, што ја прави нивната состојба далеку полоша.

Истражувачите користеле напредна техника за скрининг на 170 хоспитализирани пациенти за да откријат „автоантитела“ што му нанесуваат штета на пациентот напаѓајќи ги неговите органи и имунолошкиот систем, место да се насочат кон вирусот.

Тие ги споредиле антителата со оние од лица кои имале полесни или асимптоматски инфекции, како и оние кои не биле заразени.

Кај хоспитализираните Ковид-19 пациенти, откриени се автоантитела кои може да ја нарушат работата на имуниот систем иако, во суштина, биле направени за да се пренесат на непријателот, на вирусната страна.

Присуството на автоантитела било неколкупати откриено кај најкритични пациенти со Ковид-19, а тестовите врз глувци покажале дека автоантителата веројатно ја влошиле болеста. За жал, истражувачите не пронашле никакви специфични авто-антитела на Ковид-19 кои би можеле да го предупредат медицинскиот персонал за потенцијален развој на тежок случај кај пациентите.

Мистеријата околу различната сериозност на болеста останува, но истражувањето сугерира дека луѓето со веќе постојни автоантитела во нивните системи, најверојатно се изложени на поголем ризик од сериозен напад на Ковид-19.

Истражувањето, кое допрва треба да се рецензира, ја поддржува идејата дека, барем за некои пациенти, Ковид-19 може да се смета за автоимуна болест активирана од коронавирусот.

Неколку претходни студии открија дека пациенти без историја на автоимуни заболувања ги развиле овие автоантитела по контакт со Ковид-19. Има и истражување кое покажува дека пациентите со тешка инфекција со Ковид-19, исто така, можат да развијат автоантитела на интерфероните – друга клучна компонента за способноста на луѓето да се борат против вирусни инфекции.

Во дополнителна студија објавена оваа недела во Nature Neuroscience, откриено е дека шилестиот протеин на вирусот е способен да ја премине крвно-мозочната бариера кај глувците, што сугерира дека истото може да биде можно и кај луѓето и може да објасни некои од загрижувачките когнитивни проблеми поврзани со тешка инфекција со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина