Утрински Весник
Македонија

Од понеделник исплата на бонусот за штипските медицинари кои работеа со ковид-пациенти

Од понеделник исплата на бонусот за штипските медицинари кои работеа со ковид-пациенти

На сметката на Клиничката болница – Штип префрлени се средствата, со кои треба да бидат исплатени бонусите за здравствените рабонтици кои изминагтите месеци работеа со пациенти со ковид-19. Како што потврди директорот Ален Ѓеоргијев, околу 230 доктори, медицински сестри, техничари и останатиот помошен персонал, ќе добијат по 30.000 денари.

-Од понеделник почнува исплатата и средствата ќе бидат наменети за сите кои дежураа и беа вклучени во работата со ковид пациенти – изјави Ѓеоргијев.

Тоа се речиси половината од вработените во Клиничката болница. Освен вработените на Инфективното одделение каде се сместени ковид пациентите, по принцип на ротација поминаа уште близу 200 здравствени работници од персоналот на болницата.

Од неодамна се ставени во функција уште шест кревети за интензивна нега за најтешките случаи со ковид-19, а веќе два месеци Кожното одделение е ослободено за овие пациенти.

За еден месец се очекува целосно да биде поставена и оспособена и монтажната болница, со што ќе се добијат добиваат нови 46 кревети за болни со ковид.

 

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!