Утрински Весник
Спорт

Момче за иднината – Мукоко стана најмлад стрелец во Бундеслигата, Дортмунд загубија во Берлин!

Момче за иднината – Мукоко стана најмлад стрелец во Бундеслигата, Дортмунд загубија во Берлин!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Борусија Дортмунд несомнено имаат „нос“ за фудбалски таленти, покажувајќи го уште еднаш то со тинејџерот Јусуфа Мукоко, кој откако стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите и на Бундеслигата, сега може да се пофали дека е и најмладиот со постигнат гол, откако имаше прекрасен удар против Унион Берлин.

Со 16 години и 28 дена, Мукоко дефинитивно е фудбалер за иднината, со приказна зад себе која е многу интересна. Првите 10 години во својот живот тој растеше со неговите баба и дедо во Јаунде, Камерун, пред неговиот татко да го донесе кај него во Германија во 2014 година.

Тој веднаш ги заинтересира скаутите на Санкт Паули, кои му дадоа договор, пред во 2016 година, Борусија Дортмунд да го „прибере“ и оваа сезона да му даде шанса да игра за сениорскиот тим. Мукоко настапува за германската младинска репрезентација, а веќе има спонзорски договор од 10 милиони евра со „Најк“.

Ако достигнувањето на Мукоко е исклучително, мечот на „милионерите“ против Унион Берлин не беше за новиот тренер Един Терзиќ. Таиво Авонији во 57. минута ги донесе Унион во водство, пред Мукоко да израмни само три минути подоцна, меѓутоа, бодовите останаа во Берлин, откако Марвин Фридрих во  78. минута пак го совлада Бирки.

Дортмунд остана на четвртото место во Бундеслигата со 22 поени, додека Унион сега се петти со само поен помалку.

> Момче за иднината – Мукоко стана најмлад стрелец во Бундеслигата, Дортмунд загубија во Берлин! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место