Утрински Весник
Македонија

Во Македонија хоспитализирани 1.271 пациент позитивен на коронавирус

Во Македонија хоспитализирани 1.271 пациент позитивен на коронавирус
Dik 300x250 mk

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.271 лица и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болниците во Скопје, хоспитализирани се уште 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 477 пациенти.

Во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 43 болни, а во Куманово 96 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 13, Кавадарци 53, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно

Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада кој носи големи економски и политички придобивки