Утрински Весник
Свет

Грк уапсен во Грција поради шпионирање за Турција

Грциja воведe нови мерки: бројот на луѓе што можат да ја преминат границата ограничен на 750

Грчката полиција уапси службеник на турскиот конзулат обвинет за шпионажа и овој потег најверојатно ќе доведе до натамошно влошување на односите.

Станува збор за лице од грчка националност кое е вработено во турскиот конзулат на островот Родос. Службеникот е уапсен по сослушувањето кое траело една недела.

Уапсено е и друго лице од грчка националност, а станува збор за готвач на патнички брод што пловел на релација Родос-Кастелоризо, изјави за „Ројтерс“ официјален претставник на грчката полиција.

Еден од осомничените е обвинет за фотографирање на движењето на грчките вооружени сили во Егејското Море.

Грчките медиуми објавија дека и двајцата се припадници на муслиманското малцинство на северот на земјата.

Турција не реагираше на обвинувањата за апсење на двајца мажи обвинети за шпионирање за Анкара.

Односите меѓу Грција и Турција се обележани со долгогодишни тензии, почнувајќи од кипарското прашање до правото за експлоатација на потенцијалните наоѓалишта на нафта и гас на Егејот и Медитеранот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осум скијачи најдени мртви по лавина во Калифорнија

Четири Јеховини сведоци осудени во Русија поради екстремизам

Нетанјаху му нареди на Израел да се подготви за војна со Иран