Утрински Весник
Македонија

Обвинет Германец кој без причина претепал човек што го превезувал до изнајмената вила во Пинтија

Обвинет Германец кој без причина претепал човек што го превезувал до изнајмената вила во Пинтија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопското јавно обвинителство поднесе обвиниение против германски државјанин за сторено кривично дело – тешка телесна повреда.

Како што информираат од обвинителството, нa 12 декември, на бензинска пумпа на автопатот Е75, во близина на клучката кај Кадино, тој со умисла тешко телесно повредил едно лице.

Откако претходно со својата вереница изнајмиле автомобил на Меѓународниот аеродром Скопје, тие го замолиле оштетениот, вработен во рентакар агенцијата, да ги вози и да им помогне да ја пронајдат вилата во која требало да престојуваат.

Откако му го кажале името на вилата, оштетениот застанал на бензинската пума и телефонски разговарал со вработените во вилата, кои му појасниле дека објектот е во населбата Пинтија.

Во тој момент, без никаков повод или причина обвинетиот започнал со висок тон да му се обраќа на оштетениот на англиски јазик, му се доближил, му го одзел мобилниот телефон од раката и со него го удрил по лицето.

Притоа оштетениот се здобил со тешка телесна повреда – скршеница на левата јаболчна коска, скршеница на левата орбита и на левиот горновиличен синус.

Ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за обвинетиот Германец, на кој претходно со решение на судија му бил определен куќен притвор.​

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар