Утрински Весник
Свет

Осум од 10 анкетирани Италијанци сакаат да се вакцинираат

Осум од 10 анкетирани Италијанци сакаат да се вакцинираат

Осум од 10 анкетирани Италијанци сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, според студијата објавена од агенцијата „Аднкронос“.

Сепак, половина или 53 проценти од оние кои би биле вакцинирани се противат на вакцината да биде задолжителна, додека 43 проценти повеќе би сакале да причекаат малку пред да се вакцинираат.

Министерството за здравство соопшти дека се набавени еден милион и 800 илјади вакцини од типот „Фајзер“, а во првиот бран ќе бидат вакцинирани загрозени категории – припадници на силите за спроведување на законот, медицински персонал и жители на домови за стари лица, пишува агенцијата „Аднкронос“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Околу 5.000 затвореници ќе бидат предвремено ослободени од британските затвори

Брод со околу 160 мигранти се запали во Ламанш

Јужнокорејскиот претседател: Топлотниот бран е национална катастрофа